Gözde Bayar
18 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
ИЗМИР (АА) - Околу 10.000 илегални мигранти се фатени на турското крајбрежје на Егејското Море во последните 3,5 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската Крајбрежна стража во последните три месеци фати 5.729 мигранти на море. Во истиот период шест мигранти ги загубија своите животи како последица на хипотермија, а приведени се 15 криумчари на луѓе.
Истовремено, единиците на копнените безбедносни сили фатија 3.919 мигранти и приведоа 82 криумчари на луѓе.
Сите мигранти се испратени во обласните дирекции за миграции.
Турција се наоѓа на главната рута на мигрантите, кои преку нејзината територија се обидуваат да преминат во Европа.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција се фатени околу 268.000 илегални мигранти.