Seda Sevencan
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција денеска се приведени најмалку 51 осомничено лице за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 15 осомничени лица, кои се товарат за користење на апликацијата за кодирани пораки „БајЛок“, користена од припадниците на терористичката организација ФЕТО.
Полицијата приведе 12 од осомничените, а потрагата по останатите е во тек.
Во друга одвоена операција, турските безбедносни сили приведоа 39 осомничени припадници на ФЕТО.
Овој потег е извршен откако обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 51 осомничено лице, кои се товарат за вршење измама во испитот за полициски службеници во 2005 година.
Напорите за да се фатат останатите 12 осомничени лица се во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.