Ayşe Şensoy Boztepe
10 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
АНКАРА (АА) - Петмина припадници на терористичката организација ФЕТО се фатени кај турската северозападна област Едрене при обид илегално да преминат во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашите гранични сили во Едрене/Мерич, фатија пет лица кои се обиделе илегално да преминат во Грција. Откриено е дека овие лица се гонат како припадници на терористичката организација ФЕТО, кои потоа се пренесени во жандармериската караула во Мерич“, се додава во соопштението.