Halil Demir
16 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Турските безбедносни сили во Истанбул приведоа 14 луѓе, од кои 13 странски државјани, за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициските тимови за борба против тероризмот започнаа операција за приведување на осомничените, за кои се смета дека се дел од групите кои планираат напади во име на ДЕАШ, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.
Како дел до истрагата, полицијата спроведе истовремени рации на 15 локации во 9 подрачја во метрополата.
Во акцијата запленети се дигитален материјал и документи на организацијата.
Во 2013 година, Турција стана една од првите држави кои ја прогласија ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Турција започна воени и полициски операции во рамки на земјата и надвор за да спречи понатамошни напади.