Dilan Pamuk,Jeyhun Aliyev
16 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турција аплицира над 122 милиони дози на вакцини против Ковид-19 откако ја започна акцијата за имунизација во јануари, покажуваат официјалните податоци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Над 56,58 милиони луѓе примиле прва доза на вакцина, додека околу 51,03 милиони се целосно вакцинирани“, соопшти Министерството за здравство.
Турција исто така има аплицирано трета бустер доза на повеќе од 12,77 милиони луѓе.
Во меѓувреме, Министерството потврди 19.872 нови случаи на коронавирусот, 193 смртни случаи и 25.239 оздравени во изминатиот ден. Направени се 357.325 тестирања.
Научниот одбор на Турција, водечко тело за одлучување во земјата за управување со пандемијата, се состана за да дискутира за сојот Омикрон, програмата за вакцинација и текот на пандемијата.
Во изјавата по состанокот, министерот за здравство, Фахретин Коџа, рече дека сегашната ситуација во врска со варијантата Омикрон не е загрижувачка.
„Иако новата варијанта се шири побрзо, досега не е забележана поголема сериозност на болеста“, изјавено е во соопштението.
Истакнувајќи ја важноста на вакцинацијата во борбата против пандемијата, тој рече: „Зајакнувањето на имунизацискиот штит преку вакцинација се издвојува помеѓу мерките кои можат да се преземат во случај Омикрон да стане доминантна варијанта.“
Бустер вакцината ќе биде достапна за граѓаните кои ја примиле нивната последна доза пред најмалку три месеци со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Коџа ја сподели и најновата мапа на инциденца која го прикажува бројот на случаи на коронавирусот на 100.000 луѓе помеѓу 27 октомври и 3 декември:
Бројот на случаи забележа тренд на намалување со 269,5 во метрополата Истанбул, во западната област Измир достигна 69,5 и во главниот град Анкара, 182,3.
Од декември 2019 година, пандемијата однесе над 5,32 милиони животи во најмалку 192 држави и региони, со најмалку 271,8 милиони случаи пријавени низ светот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.