Seyit Ahmet Aytaç
12 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 38 терористи на ПКК во северен Ирак во текот на изминатите три дена, се соопштува денес од турското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турските авиони ги имаа за цел терористичките позиции во регионите Гара, Зап, Хакурк и Авашин-Басјан“, истакна Министерството за национална одбрана на Твитер.
„За време на воздушните напади, исто така беа уништени и места за складирање оружје, засолништа и депоа за муниција“, соопштува Армијата.
Турските воздушни напади во овој регион ги имаат за цел терористите на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе.