Fatih Hafız Mehmet
16 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Вкупно осум терористи се неутрализирани во југоисточната турска област Ширнак, се истакнува во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека жандармериските сили спровеле операција во подрачјето на дистриктот Идил.
Не се споменува одредена терористичка организација, меѓутоа, подрачјето во минатото искуси многу терористички акти на терористичката ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца.