Cüneyt Çelik
02 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
КАРС (АА) - Водопадот „Сусуз“ во Карс, Турција, делумно е замрзнат поради студеното време што ја зафати источна Анадолија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Студеното време во Карс, каде што температурата на воздухот се спушти под 13 степени, негативно влијае на животот. Во некои места се формираа ледени сталактити, додека езерата и водопадите се покриени со мраз.
Водопадот „Сусуз“, кој се наоѓа на патот Карс - Ардахан, тече од висина од 15 метри. Поради студеното време што ја зафати областа, еден дел од водопадот замрзна.
Тоа за посетителите на водопадот и за љубителите на фотографијата даде прекрасна можност да направат убави фотографии.
Еден од посетителите, Четин Едиздаг, во изјавата за дописникот на АА рече дека оваа година врнежите од снег во регионот започнале многу доцна.
„Студеното време што го зафати регионот заедно со врнежите од снег придонесе водопадот „Сусуз“ да замрзне. Со замрзнувањето на еден дел од водопадот почнаа да доаѓаат туристите за да ги доловат тие прекрасни моменти. Сите ги покануваме да дојдат тука и да ја видат убавината на овој водопад“, нагласи посетителот Едиздаг.