Bilal Altıok
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
БУРДУР (АА) – Езерото Салда со својата бела песочна плажа, кое се наоѓа во близина на градот Бурдур, познато како „Малдивите на Турција“, во 2019 година го посетија 1 милион и 400 илјади луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Бурдур, Хасан Шилдак, во изјавата за медиумите рече дека Бурдур, од аспект на туризмот, 2019 година ја минал добро.
Наведувајќи дека развиле инфраструктура и социјални услуги со цел на преден план да излезат туристичките вредности на градот, Шилдак рече дека дале големо значење и на промоцијата на туризмот.
Шилдак истакна дека има значително зголемување на бројот на туристите во Бурдур.
„Езерото Салда во 2019 година во Турција стана бренд. Со преземените мерки, спроведените активности и со заштитата од страна на Гувернерството и Министерството за животна средина, езерото Салда беше спасено од уништување. Тоа што се направи таму претставуваше една вистинска еколошка операција“, нагласи Шилдак.
Туристичките активности, како што рече Шилнак, се спроведуваат земајќи ги во предност еколошките вредности на езерото и околината и нема да дозволат да бидат нарушени природните својства на езерото.
Посочувајќи дека Бурдур е нова адреса и дестинација на туризмот во Турција, Шилдак нагласи: „Го повторуваме нашиот предлог до бизнисмените од Бурдур да инвестираат во туризмот, затоа што во 2019 година дојдоа 1 милион и 400 илјади посетители само да го видат езерото Салда.“