Arife Yıldız Ünal
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Министерство за транспорт, поморство и комуникации на Турција издаде соопштение во врска со железничката несреќа што се случи во областа Текирдаг. Во соопштението се наведува дека интензивните врнежи од дожд предизвикале поткопување на земјиштето под шините, создавајќи дупка под нив, што е причина за излетување на возот од шините, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од турското министерство се вели дека возот број 12703 со шест вагони, 362 патници и 6 членови на екипажот, кој се обраќал на релацијата Узунќопру-Халкали, во 17:00 часот по локално време се превртеле 5 вагони од возот на делот од трасата Балабанли-Чорлу.
Како причина за несреќата, во соопштението се наведуваат интензивните врнежи од дожд кои предизвикале создавање поткопување на земјата под шините и создале дупка. Во соопштението се истакнува дека спасувачките екипи веднаш биле испратени на местото на несреќата и брзо им ја пружиле потребната помош на повредените патници.
Во соопштението истакнува дека Министерствата за внатрешни работи, здравство и транспорт, поморство и комуникации работат координирано, додавајќи дека амбулантните хеликоптери на министерството за здравство и спасувачките хеликоптери на министерството за внатрешни работи учествуваат во транспортот на повредените.
На местото на несреќата е испратена и дигалка на Турските железници од Халкали, и возила на спасувачките екипи од Алпулу.
Во писменото соопштение се вели дека Министерот за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан се упатил на местото на несреќата. „Потсекретарот на Министерстото за транспорт, поморство и комуникации, Суат Хајри Ака формира кризна група во министерството. Во Чорлу под претседателство на гувернерот на Текирдаг, Мехмет Џејлан формиран е кризен штаб и во координација со нашето министерство продолжуваат со работата. Одблизу се следи развојот на настаните и доколку се добијат нови информации, ќе бидат објавени од страна на кризниот штаб“, соопшти потсекретарот Ака.