Gökhan Kurtaran
27 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
ДАВОС (АА)
– Ѓокхан КУРТАРАН
Турција оваа година со искачувањето од 27 места стигна на 22. место во глобалниот индекс на мека моќ, пишува Агенција Анадолија (АА).
Дејвид Хејг, висок менаџер на „Бренд фајненс“, кој го подготви индексот, рече: „Има голем број земји кои Турција ја гледаат како многу добар партнер.“
Хејг одговараше на прашањата на дописникот на Агенција Анадолија (АА) на Светскиот економски форум што се одржа во Давос, Швајцарија.
Во „Глобал софт пауер индекс“ (Global Soft Power Index), објавен од страна на „Бренд фајненс“, со седиште во Лондон, Турција скокна за 27 места и се искачи на 22. место.
„Овој индекс го добиваме со одговорите на 100.000 луѓе од приближно 105 земји. Ги прашуваме нивните мислења. Планираме да го зголемиме бројот на луѓе кои одговараат на нашите прашања за индексот на половина милион“, нагласи Хејг.
Меѓу другото, тој нагласи дека Турција ја зголеми својата мека моќ на глобалното рангирање.
„Она што сакаме да го направиме е да измериме како се менуваат перцепциите на земјите. На тој начин, земјите можат да ја вклучат перцепцијата во нивните политички планови. Оваа перцепција помага да ја планирате вашата туристичка стратегија, вашата стратегија за странски директни инвестиции и стратегијата на вашиот производ. Турција [во индексот оваа година] е во прилично добра форма“, рече тој.
Хејг посочи дека Турција е внимателно следена од многу земји во нејзиниот регион, и рече: „Има голем број земји кои Турција ја гледаат како многу добар партнер и гледаат на неа со восхит. Особено на Блискиот Исток. Прекрасна земја.“
Исто така, Хејг истакна дека Турција има потенцијал да се искачи уште повисоко во индексот на мека моќ кога ќе се земе предвид нејзиното историско и културно наследство.
„Тоа што мене ме изненадува е зошто Турција не е повисоко на оваа листа, со оглед на тоа што е центар на цивилизацијата“, додаде тој.
– „Бројот на турски брендови треба да се зголеми“
Подвлекувајќи дека Турција треба подобро да се промовира и да се претстави пред светот, Хејг рече: „Турција е високоразвиена земја со образовано население. Има одличен туризам и неверојатна храна. Има многу прекрасни работи, но сепак, за многу од нив во светот не се знае. Турција сѐ уште е едно од неоткриените места.“
Хејг нагласи дека Турција треба да има повеќе познати брендови на глобално ниво, имајќи ги предвид нејзините перформанси во преработувачката индустрија.
„На пример, се прават интензивни напори да се создаде бренд. Доколку им се верува на брендовите на меѓународната сцена, ова несомнено ќе ја зголеми меката моќ на Турција“, рече Хејг.