Sertaç Bulur
20 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Тројца осомничени поврзани со терористичката организација ДЕАШ денес се уапсени во главниот град на Туркије, Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
За двајца од нив, странски државјани, Интерпол имало распишано црвени потерници, според турските безбедносни извори.
„Осомничените, идентификувани со иницијалите А.Н. и Џ.В., биле активни припаници на терористичката организација во последните години“, рекоа изворите, кои побараа да останат анонимни.
Полицијата го уапси третиот осомничен во одделна операција во Анкара.
„Осомничениот бил вклучен во регрутирање на луѓе преку онлајн пропаганда“, наведоа изворите.
„Инкриминирачката дигитална содржина пронајдена при рацијата вклучува говори на водачите на терористичката организација и слики на егзекуции“, додаваат тие.
Туркије беше една од првите земји што ја прогласија ДЕАШ за терористичка организација.
Земјата оттогаш повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го загубија 315 луѓе, а стотици беа повредени и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.
Како одговор, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да превенира понатамошни напади.