Handan Kazancı
20 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, денес ја повика меѓународната заедница да го сподели товарот за бегалците, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бидејќи прашањето за миграцијата не е проблем на Туркије, голема неправда е материјалниот и моралниот товар на овој проблем да се стави само на рамениците на Туркије“, изјави Шентоп во обраќањето на Глобалната парламентарна конференција за миграција.
„Голема неправда е да се обидуваме да го ставиме товарот на овој проблем на неколку земји“, додаде Шентоп.
Дводневниот настан, чии кодомаќини се Големото народно собрание на Туркије и Интерпарламентарната унија (ИПУ), се одржува во Истанбул на Светскиот ден на бегалците.
Истакнувајќи дека товарот за бегалците не е праведно поделен од страна на меѓународната заедница, Шентоп рече: „Оние што го предизвикаа, вртат грб на проблемите што ги предизвикаа. Туркије не е земја одговорна за оваа миграција.“
За односот на Грција кон бегалците, Шентоп рече: „Гледаме дека нашиот сосед Грција не се двоуми да ги потоне чамците со бегалци.“
„Гледаме дека тие не се воздржуваат од воведување политики за враќање [на мигрантите] назад“, додаде тој.
Шентоп рече дека и Европската Унија ги затворила очите пред овој нехуман третман.
„За жал, инцидентите со враќање назад со кои се соочуваме во Европа во последниве години станаа вообичаена практика“, додаде тој. „Туркије спаси приближно 40.000 нерегуларни мигранти во Егејското Море од 2020 година.“
Од своја страна, Дуарте Пачеко, претседателот на ИПУ, особено им се заблагодари на турските власти што Туркије е домаќин на најголемата бегалска популација во светот.
„Затоа што направија сè за да ги примат овие мигранти како личности, а не како бројки. И тие даваат сè од себе за да ги интегрираат [овие] мигранти со програми за образование и отворање работни места итн.“
Тој, исто така, истакна дека тие се „без поддршка од меѓународната заедница“.