Gökhan Ergöçün
20 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Според официјалните податоци објавени денес, Туркије во првите пет месеци од оваа година ја посетиле 11,3 милиони странски туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на странци кои ја посетија Туркије во периодот јануари-мај се зголеми за 207,1 отсто на годишна основа.
Истанбул, најголемиот град во Турција според бројот на население и најпривлечна туристичка дестинација, го посетиле 46,8 отсто од странските посетители, или речиси 5,3 милиони во петмесечниот период.
Следува медитеранскиот туристички град Анталија со 2,25 милиони странски туристи, и Едрене во северозападна Туркије, кое граничи и со Бугарија и со Грција, кое прими 1,3 милиони странски посетители.
Најголем број од странските туристи, 11,6 отсто или речиси 1,3 милиони, биле од Германија, потоа од Бугарија (8,4%) и од Русија (7,55%).
Само во мај земјата ја посетиле 3,8 милиони странци, што е за 308,5 отсто повеќе на годишно ниво.