Hakan Mehmet Şahin
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
ЕДРEНЕ (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека бројот на терористи во Турција за првпат се намалил на под 200, јавува Агенција Анадолија (АА).
На собирот на млади во областа Кешан, во северозападната област Едрене, Сојлу рече: „Од вечерва, бројот на терористи во Турција за првпат се намали на под 200, и изнесува 197.“
Нагласувајќи дека Турција е мирна земја, министерот исто така рече дека напорите на државата во борбата против тероризмот имаат достигнато важна точка.