Sultan Çoğalan
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Во Сомалија, една од земјите кои дадоа најголема подрршка на демократски избраниот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владата против обидот за пуч, отстранети се институциите кои се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во склад со тоа, три училишта и болница во рамките на „Nile Academy" која се поврзува со терористичката организација ФЕТО, од денес ќе функционираат под координација на Амбасадата на Турција во Могадишу.
АА од дипломатски извори дознава дека во Сомалија, земја која покажа остра реакција на обидот за пуч изведен на 15 јули, од денес спроведува низа мерки насочени кон активностите на ФЕТО во таа земја.
Сомалиските власти соопштија дека на барање на турските власти ја запреа работата на три училишта и болницата „Nile Academy", која се поврзува со терористичката организација ФЕТО. Властите во Сомалија на работниците на спомнатите институции дадоа рок од една недела да ја напуштат земјата и тој рок од вчера истече.
Според тоа, спомнатото основно и средно женско училиште, општата гимназија и болницата ќе се водат под координација на Амбасадата на Турција во Могадишу.
За да не дојде до прекин во наставата, Турција водеше низа проекти со партнерски институции. Нема да дојде ниту до опаѓање на квалитет на наставата, а до средина на август се очекува повторно почнување на наставата.
Во училиштата ќе работи искусен наставен кадар како и кадар од Турција. Во трите училишта кои со работата почнаа 2011 година одат 850 ученици.
Околу 40 работници од Турција, по одлуката на властите на Сомалија, во текот на неделата започнаа да ја напуштаат земјата. Се претпоставува дека просветните работници отишле во Кенија, но не се знае дали од таму ќе преминат во Турција или некоја друга земја.
Болницата која се наоѓа во рамките на „Nile Academy" ќе биде во потполност затворена. Зградата би требала да биде под надзор на Образовно-истражувачкиот медицински центар Реџеп Таип Ердоган во Сомалија.