Erdoğan Çağatay Zontur
02 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ИЗМИР
Најмалку едно лице загина, а 16 се повредени во експлозија која доцна синоќа се случи на танкер недалеку од турскиот град Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи на танкер на азербејџанската компанија СОКАР закотвен во пристаниште во местото Алиага.
Гувернерот на Алиага, Ерхан Ѓунај, соопшти дека по експлозијата, во болница се пренесени 15 повредени државјани на Италија, еден Романец и еден вработен во локална компанија.
Италијанскиот државјанин Роберто Монтегардиа починал од здобиените повреди.
По експлозијата на танкерот избувна пожар кој пожарникарите утринава го изгаснаа.
Причините за експлозијата се предмет на започнатата истрага.