Турција

Ердоган во Анкара оствари средба со сирискиот привремен претседател Ал-Шара

Ахмад Ал-Шара, кој ги предводеше антирежимските сили за соборување на режимот на Башар ал-Асад во Сирија, минатата недела беше прогласен за претседател за преодниот период

Muhammed Yasin Güngör  | 04.02.2025 - Обновена : 04.02.2025
Ердоган во Анкара оствари средба со сирискиот привремен претседател Ал-Шара

АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во Претседателскиот комплекс во Анкара се сретна со сирискиот привремен претседател Ахмад ал-Шара, јавува Анадолу.

Разговорите зад затворени врати започнаа во 14:00 часот по Гринич.

Во меѓувреме, првата дама на Туркије, Емине Ердоган, се состана со сопругата на Ал-Шара, Латифе ал Дуруби.

Ал-Шара треба да присуствува и на работна вечера со делегациите и на заедничката прес-конференција во Претседателскиот комплекс во рамките на неговата посета на Анкара на покана од Ердоган.

Ахмад Ал-Шара, кој ги предводеше антирежимските сили за соборување на режимот на Башар ал-Асад во Сирија, минатата недела беше прогласен за претседател за преодниот период.

Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија на 8 декември 2024 година, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.