Sefa Mutlu
12 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган упати честитка за изборот на новиот премиер на Пакистан, Шехбаз Шариф, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган му посакал успех на Шариф во телефонски разговор откако тој положил заклетва на функцијата. Претходно, пакистанскиот Парламент му ја довери функцијата премиер на Шариф.
„Со желба да има корист од изборните резултати за пријателскиот и братскиот народ на Пакистан, претседателот Ердоган рече дека Турција внимателно ги следи случувањата во Пакистан, кој е поврзан со длабоко вкоренетата историја, пријателство и братство“, се вели во соопштението.
Турскиот претседател истакна и дека пакистанскиот народ уште еднаш покажал дека и покрај тешкотиите и предизвиците, не се откажува од демократијата и владеењето на правото.
Ердоган нагласи дека Турција ќе продолжи да пружа секаков вид помош за Пакистан.