Salih Şeref
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Агенција Анадолија (АА), новинската агенција на Турција со најдолга историја, продолжува со објавувањето годишници кои ги опфаќаат најважните настани од Турција и светот.
Годишникот е збогатен со вести и визуелен материјал, а читателите имаат прилика да добијат значајни информации за настаните од неколку области, меѓу кои политика, уметност, економија и спорт, што ја одбележаа 2021 година.
Делото е преведено на турски, арапски и англиски јазик, а ги опфаќа најважните случувања во Турција и светот во 2021 година.
Годишникот за 2021 година го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември 2021 година, поради што претставува важен историски избор.
Низ квалитетни фотографии годишникот претставува преглед на 2021 година како за оние што се занимаваат со новинарство, така и за останатите кои ги следат дневните настани.
Годишникот кој привлече големо внимание, може да се нарача и онлајн, а цената е 290 лири (околу 18 евра).
Годишникот на АА за 2021 година се наоѓа на полиците на многу истакнати книжарници во Турција.