İlhan Toprak,Enes Kaplan
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган приреди прием за девојчето од Сирија Гозјаси и нејзиното семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Таткото на Гозјаси, Мамун Халит Насир (27) во нападот со барел бомба на режимските сили во сирискиот град Идлиб ги загуби двете нозе, прстите нa десната рака, слухот и видот. Зборовите на неговата ќерка Гозјаси „да ги дадат нејзините очи за татко и да ја види", предизвикаа емоции кај јавноста.
Фотографијата на фоторепортерот на АА Џем Генџе на која се прикажани девојчето и нејзиниот татко откако му е укажана помош, во категорија „Живот" избрана е за фотографија на годината на Anadolu Agency (AA).
Ердоган и неговата сопруга Емине приредија прием за Мамун Халит Насир и неговата втора ќерка Сидре. Претседателот на Турција во таа прилика на девојчето Гозјаси и ја покажа фотографијата на која се таа и нејзиниот татко која е дел од Годишникот на АА за 2016. година.
Гозјаси рече дека сакала и Сидре да додје бидејќи заедно се играат.
Таткото Насир рече дека има и син Мухамед од девет години, кој оди во училиште. Сидре во основно училиште учи само турски јазик бидејќи се грижи за братот и сестрата.
Токму турскиот претседател во текот на гласањето за фотографија на годината ја избра нивната фотографија, поради што девојчето беше многу благодарно и изрази желба да го запознае Ердоган.
„Ја виде фотографијата на која сме јас и мојот татко, среќни сме поради тоа. Го сакам, би сакала да го запознаам. Тој ни овозможи да бидеме во Турција. Се надевам дека еден ден ќе го запознаам", рече тогаш девојчето чија желба и се оствари.