İlkay Güder
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
БАКУ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на Азербејџан, беше дочекан со најголема државна почест од страна на претседателот на таа земја, Илхам Алиев, во Баку пред претседателската палата Загулба, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган ги поздрави азербејџанските војници, а потоа беа интонирани химните на двете земји.
Претседателите на Турција и на Азербејџан присуствуваа и на воената парада.
Делегацијата на турскиот претседател се состои од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак, министерот за образование, Исмет Јилмаз, министерот за одбрана, Нуретин Џаникли, министерот за комуникации, поморство и сообраќај, Ахмер Арслан и шефот на Националната разузнавачка служба (MIT), Хакан Фидан.
Планирано е Ердоган и Алиев да присуствуваат на потпишувањето на неколку договори, а ќе се одржи и прес-конференција.