Ahmet Okur,Ali İhsan Öztürk
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
БИТЛИС (АА) - Голем број љубители на фотографијата од различни делови на Турција, на своите фотографии ги доловија историските места и природните убавини на Хизан, кој се наоѓа во подрачјето на Битлис, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографите беа дел од фото-сафарито „Хизан е убав во секој временски период“ организиран од страна на општина Хизан и во период од три дена ги фотографираа скриените убавини на Хизан.

Учесниците на фото-сафарито имаа можност да ги фотографираат и камените куќи, опкружени од есенското шаренило на природата.
„Може да се каже дека Турција е просветлена од Хизан“
Гувернерот на Хизан, а воедно и заменик-градоначалник на оваа општина, Булент Хамитоглу, за АА изјави дека во оваа област има 10 населби, 75 села, а населението брои 35.000 жители. Хамитоглу нагласи дека во текот на историјата Хизан бил едно од најзначајните населени места во регионот на Источна Анадолија.

Хамитоглу пренесе дека во оваа област, која отсекогаш била место на наука и знаење, додавајќи дека во подрачјето постојат голем број медреси и придружни комплекси.
„Во областа се образувале голем број верски личности и научници. Сѐ уште ги чуваме овие вредности. Од Хизан речиси е просветлена Турција. Овие области во која се образувале значајни личности како Бедиуззаман Саид Нурси и Гавси Хизани, во последните 10 години, за жал, се спомнува во врска со тероризам. Од денот кога бев назначен, нашата единствена цел е да го откриеме вистинското лице на Хизан. 29 октомври за нас е еден нов почеток. Го организиравме фото-сафарито. Сакавме да ги овековечиме убавината на руралните делови, центарот на Хизан и околните села во есен“, рече Хамитоглу.

„Во регионот речиси не постои тероризам“
Истакнувајќи дека борбата против тероризмот е работа на државата, и оти непрекинато продолжуваат операциите на војската, полицијата и на безбедносните службеници, Хамитоглу нагласи дека е постигнат сериозен успех во борбата против тероризмот.
„Во регионот речиси не постои тероризам. Ќе го искорениме тероризмот од секојдневието на народот, младите и децата. Никој нема да зборува за тероризам во регионот“, истакна Хамитоглу.
„Природата на Хизан нѐ води во минатото“
Муса Мутлу, учесник на натпреварот од Малатја, истакна дека е пензионер, но веќе со години се занимава со фотографија во своето слободно време.
Мутлу вели дека досега учествувал во голем број натпревари организирани во различни градови, и додаде дека добил награда на повеќе натпревари.

„Исто така, пред две години дојдов тука бидејќи вниманието ми го привлече природата и структурата на областа. Одлучив да учествувам на овој натпревар. Планирам повторно да дојдам тука. Има многу убава природа. Природата на Хизан нѐ води во минатото. Речиси е сличен со селата во кои живеав во минатото. Се надевам дека нема да ја нарушат оваа природа со градби. Селаните беа мошне гостопримливи“, истакна Мутлу.