Fatma Zehra Solmaz
31 Мај 2025•Ажурирај: 02 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан за билатералните односи и регионалните и глобални случувања, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу.
За време на разговорот, Ердоган ја изрази посветеноста на Турција за зајакнување на односите со Унгарија во сите сектори. Тој истакна дека претстојните состаноци на Советот за стратешка соработка на високо ниво и Заедничкиот механизам за консултации дополнително ќе ја продлабочат соработката меѓу двете земји.
Турскиот претседател во разговорот му го честита роденденот на премиерот Орбан.
Турција и Унгарија ги надградија своите односи на стратешко партнерство во 2013 година со формирањето на Советот за стратешка соработка на високо ниво. Во последниве години, меѓусебните односи продолжија да се прошируваат, со растечка соработка во сферата на политиката, економијата и културата.