ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека изградбата на мостот во Чанаккале е вековен сон, истакнувајќи задоволство што овој сон го претвораат во реалност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеоконференција учествуваше на церемонијата за поставување на последниот од 32-та блока од 318-метарските челични кули на мостот „Чанаккале 1915 година“, што се гради.
Во својот говор, претседателот Ердоган посака церемонијата да биде од корист за земјата и нацијата.
Изјавувајќи дека се поставени сите блокови на 4-те кули, Ердоган рече дека е завршена најважната фаза од изградбата на мостот.
„Во суштина, изградбата на мост во Чанакале е вековен сон. Како и многу соништа во нашата земја, задоволство е што овој сон го претвораме во реалност. Средниот распон на мостот е 2023 метри, тоа е израз на нашите цели до 2023 година. Мостот, со титулата најдолг во светот, ќе го украси Босфорот како симбол на нашата победа во Чанаккале. Патувањето на Босфорот со траект трае 1,5 час. Со овој мост патувањето ќе заврши за 6 минути“, нагласи претседателот Ердоган.
- „Ќе заштеди време и гориво“
Претседателот Ердоган истакна дека со мостот ќе се заштеди и време и гориво.
Наведувајќи дека раширената и брза транспортна инфраструктура е основен услов за развојот на една земја, Ердоган нагласи:
„Со ова разбирање, ние изградивме повеќе од 18 илјади километри поделени патишта, вкупната должина ја зголемивме на 27 илјади километри. Стигнавме до 3.100 километри во автопатишта. Во брзите железнички линии, кои порано ги немаше, стигнавме до должина од 1.213 метри. Нивото на авионскиот сообраќај го доведовме до ниво да може да патува секој. Нашата цел беше авионскиот сообраќај да биде сообраќајот на народот. Изградивме нови 30 аеродроми, сега 56 аеродроми нудат услуги за граѓаните низ целата земја. Сè уште продолжува изградбата на патишта, железнички пруги итн. Откако ќе ги завршиме, Турција не само што ќе ги исполни своите потреби, туку ќе биде регионален центар на транспортот.“
- „Најголема предност по коронавирусот“
Претседателот Реџеп Таип Ердоган наведе дека силната инфраструктура на Турција во транспортот ќе биде најголемата предност во светот, кој ќе се реформира политички и економски по коронавирусот.
„Изградивме илјадници болници низ целата земја. Ги опремивме со најсовремени уреди. Бројот на здравствениот персонал се зголеми на повеќе од 1 милион“, истакна Ердоган
- Мостот треба да биде пуштен во употреба на 18 март 2022 година
Надморската височина на мостот „Чанакале 1915“ ќе биде 2.023 метри, што ќе асоцира на 100-годишнината од основањето на Република Турција. Откако ќе заврши, со своите карактеристики ќе претставува мост на симболи.
Врските помеѓу кулите и елементите на мостот ќе бидат обоени во црвено-бело, боите на турското знаме. Горниот дел од кулите високи 333 метри од обете страни ќе биде конструиран на тој начин што ќе го претставува артилерискиот проектил на Сеит Онбаши, што го стави на барелот за време на Битката кај Чанаккале.