Kemal Karadağ
16 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
РИЗЕ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција на сите стратешки терени, од Средоземјето до Ирак, Сирија, Либија, храбро ги штити своите права, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денес говореше на програмата која е организирана за членовите на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) кој е одржан во Ризе.
Во таа пригода потсети дека Турција успешно ги води најопсежните и најуспешните операции против терористичките организации.
„Не само однатре, туку на сите стратешки терени, од Средоземјето до Ирак, Сирија, Либија, храбро ги штитиме нашите права", рече Ердоган.
Додаде дека Турција се залага и за правата на сите угнетувани ширум светот, вклучувајќи ја Палестина, Јемен, Сирија, Аракан и Либија.
Тој се осврна и на неодамнешните разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и челникот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
„Чекорите кои се преземени потоа...Секогаш бевме благи и олеснувавме кога се изведувани нападите на Турција, но Грција на нашиот пристап не одговара на ист начин. Поради тоа, ако ќе продолжи така, би требало да знаат дека ние ќе го направиме потребното. Било да се работи за меѓународното поморско право, било од аспект на востановените конвенции, ншат земја до крај е во право по ова прашање", рече Ердоган.
Тој додаде дека ова право ќе го штити со сите расположливи средства.
„Оние кои пред стотина години со ситна политика ја изоставија Турција од енергетските ресурси на југ, нема во тоа да успеат во Источниот Медитеран. Никогаш нема да ја спуштиме главата пред разбојништво во нашиот континентален појас. Нема да се откажеме поради санкциите и јазикот на заканите. Како што пред стотина години го искинавме и отфрливме Севр, чија цел беше да се подели нашата земја, со иста решителност денес ќе ја штитиме „Сината татковина" ", порача Ердоган.
Тој се осврна и на истражувањата кои ги спроведува бродот „Оруч Реис" и рече дека тие се спроведуваат според планот.
„Оруч Реис своите активности ќе ги продолжи до 23 август. Доколку во овој процес ќе има и најмало вознемирување, нема да се двоумиме пригодно да одговориме", рече Ердоган.
Нагласи дека никако не се за подигнувње на тензиите ниту да ги ставаат рацете на нечии права, туку да ги штитат правата и интересите на кипарските Турци.
Тој се осврна и на чекорите преземени во Средоземјето, а во духот на меѓународното право и добрососедските односи.
„Од Грција очекуваме да не делува на нечии поттикнувања, туку да постапува разумно, а особено што поскоро да биде запрена праксата над нашите браќа во Западна Тракија која потсетува на државен терор. Погледнете, во Западна Тракија се напаѓаат нашите џамии и училишта. Спротивно на тоа, ние во Трабзон ја завршуваме реставрацијата на манастирот Сумела и вчера дојдоа во Сумела и извршија молитва. Ние немаме проблем со никој кога е во прашање верската слобода. Секој во оваа земја може безбедно да ја практикува својата вера", рече Ердоган.