Beyza Binnur Dönmez
02 Мај 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес соопшти дека тој најверојатно оваа недела ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Главниот град на Турција, Анкара, или Истанбул „би биле места за решение за чекорите што треба да се преземат“ за да се намалат тензиите во источна Украина, им кажа Ердоган на новинарите по бајрамската молитва во Истанбул.
Најмалку 2.899 цивили загинаа, а 3.235 се повредени во Украина од почетокот на војната со Русија, според проценките на ОН. Но, постојат стравувања дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 5,4 милиони пребегаа во другите земји, а околу 7,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.
Тој се осврна и на односите на Анкара со Саудиска Арабија, велејќи дека односите ќе дојдат до „многу различна позиција“, додавајќи дека за тоа разговарал со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман.
Ердоган вчера, за време на неговото враќање од Саудиска Арабија, изјави дека Анкара и Ријад покажале заедничка волја за унапредување на билатералните односи на највисоко ниво.