01 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалскиот клуб Трабзонспор синоќа по пауза од 38 години ја освои титулата шампион на Турција, а по тој повод денеска беше истакнато знамето на бордо-синиот клуб на истанбулскиот „Мост на шехидите од 15 јули“, што ги поврзува Европа и Азија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Турција инаку е практика по завршувањето на националното првенство, на еден од мостовите над истанбулскиот мореуз да се истакне знамето на фудбалскиот шампион од таа сезона. Екипата на Трабзонспор синоќа одигра нерешено 2:2 против Анталијаспор во многу драматичен натпревар и ја обезбеди титулата шампион на Турција на три кола пред крајот на сезоната.

Трабзонспор до титулата шампион стигна по пауза од 38 години, откако последен пат ја освои шампионската титула во 1984 година.