Diyar Güldoğan
31 Август 2023•Ажурирај: 01 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави лет на националниот борбен авион КААН до крајот на 2023 година, јавува Анадолу.
Јакнењето на Турските вооружени сили е неопходно за Туркије да биде моќна земја, рече Ердоган.
„Ние многу добро знаеме од нашите горчливи искуства дека не може да има силна Туркије без силна војска“, рече Ердоган на настан во Анкара.
Истакна дека е неопходно да се има силна, модерна и дисциплинирана армија со висок степен на одвраќање.
„Презедовме многу историски чекори што ќе ја зајакнат нашата војска. Буквално напишавме еп во областа на одбранбената индустрија“, нагласи Ердоган.
Тој изрази надеж дека наскоро ќе дојде до тоа Туркије да им продава системи за противвоздушна одбрана на оние што сега одбиваат да ѝ дадат системи за противвоздушна одбрана под неосновани изговори.
Осврнувајќи се на турскиот борбен авион КААН, Ердоган рече:
„Се надеваме дека ќе видиме нашиот авион да полета пред крајот на 2023 година.“