Kübra Chohan
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го најави новиот мега индустриски проект кој ќе обезбеди работни места за 100.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Воспоставуваме мега индустриски зони во пет региони на Турција. Ќе ја унапредиме турската индустрија и технологија, така што ќе вработиме 100.000 лица“, напиша Ердоган на својот профил на Твитер.
Тој сподели податоци за проектот со приложена графика под назив „Национален пробив во индустријата“, во кој се наведува дека во првата фаза од проектот ќе бидат вложени 45 милијарди турски лири (9,5 милијарди долари).
„Во новите индустриски зони ќе бидат вложени 140 милијарди турски лири (29,5 милијарда долари), кои ќе обезбедат 100.000 работни места“, е појаснето во графиконот.