Melda Altakhan
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во четврток по состанокот со претседателот на Словенија Борут Пахор на конференцијата за медиуми изјави дека Турција била искрена што се однесува до процесот на приближување кон ЕУ и дека секогаш се држела до дадените ветувања, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кризите со кои се соочуваме се заеднички проблеми кои сигурно можеме да ги решиме со соработка. Во тој контекст, да се обидете Турција да ја исклучите значи да се доведе во опасност безбедноста и стабилноста на целиот регион. Не е можно Европа, која ја држи Турција на чекање и во која не е вклучена Турција, живее во безбедност и мир. Турција не треба веќе да се става во средиштето на политичките тензии, популизмот и трката за политичкиот престиж. Ние бевме искрени што се однесува на процесот на приближување на ЕУ и секогаш ги почитувавме ветувањата кои ги дававме", рече Ердоган.
На новинарско прашање, Ердоган истакна дека Турција ќе има план „Б" доколку од ЕУ не го добие безвизниот режим.
„Доколку не го оствариме очекуваниот резултат во врска со безвизниот режим, ако не бидат испратени ветените суми на Црвената полумесечина и ако не бидат исполнети сите дадени ветувања, Турција ќе има план Б, па и план Ц. Не сме должни да кажеме 'да' на секоја одлука која ќе се донесе за нас. Затоа што од ЕУ до денеска не видовме никаква корист", рече Ердоган.
Потсети дека една група луѓе е евакуирана од Алепо во Идлиб, каде им се пружа потребната помош и поддршка.
„Знаеме што тие луѓе преживуваме со недели и месеци. Видовме на видео снимките, на телевизија каква болка доживеале тие лица, жени и постари луѓе. Ние вечерва на состанокот со премиерот и министрите донесовме одлука и рековме 'еден дел од овие луѓе, децата, постарите луѓе, оние кои се во тешка ситуација, доколку е потребно, да ги примиме во нашата земја, во контениерските населби, да ги сместиме во куќи и да им овозможиме удобни и мирни услови за живот'.Тоа првенствено го гледаме како прашање на хуманоста", рече Ердоган.
Нагласи дека Турција е решителна, како што правела досега, да пружи помош и поддршка на луѓето кои се погодени од војната во Сирија
„Во ситуација кога некои од западните земји порачуваат 'не примаме ниту едно лице',ние, во случај да дојдат, сме решителни да не едно, туку илјада лица", рече Ердоган напоменувајќи дека Турција ќе изгради уште повеќе контениерски населби.
На крајот истакна дека разговараше со светските лидери за последните случувања во Алепо, како и за можните решенија, вклучувајќи го рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД Барак Обама.