Berk Özkan
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Израел, Исак Херцог, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при Претседателството на Турција, на средбата се разговарало за односите меѓу Турција и Израел и регионалните прашања.
За време на разговорот претседателот Ердоган истакна дека односите меѓу Турција и Израел се исто така важни од аспект на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток и дека разликите во мислењата може да се минимизираат доколку има меѓусебно разбирање и за билатералните и за регионалните прашања.
Ердоган, нагласувајќи дека потребно е во регионот повторно да завладее мирот, толеранцијата и културата на соживот, рече дека во тој поглед приоритет се развојот на палестинско-израелските односи и продолжувањето на мировниот процес.
Меѓу другото, претседателот Ердоган истакна дека одржувањето на контакт и дијалог меѓу Турција и Израел е од заеднички интерес.
- Соопштение од Израел -
Израелското Претседателство соопшти дека израелскиот претседател Исак Херцог телефонски му се јавил на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во соопштението во кое се нагласува дека разговорот поминал во позитивна атмосфера, се додава дека Ердоган го истакнал значењето што им го придава на односите со Израел за мирот, стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.
Исто така, се наведува дека Херцог е задоволен од желбата на Турција и Израел да се вклучат во сеопфатен дијалог за билатералните и регионалните прашања поврзани со регионалниот мир.
Според соопштението, двајцата лидери се согласиле да останат во контакт.