Sebahatdin Zeyrek
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ДЕНИЗЛИ (АА)
- Себахатдин ЗЕЈРЕК
Памуккале, познат како „белиот рај“, во турската област Денизли е една од најважните туристички дестинации во Турција, која и во есен продолжува да ги угостува своите посетители, пишува Агенција Анадолија (АА)
Познато по своите природни и културни богатства, Памуккале е посетувано од голем број туристи од различни делови на светот, кои имаат можност одблизу да ги видат неговите убавини.

Памуккале својата годишна цел од 1 милион посетители ја постигна за 10 месеци.
Туристите кои во ова подрачје влегуваат од северниот и јужниот влез, може пеш да поминат низ античките остатоци за да пристигнат до античкиот базен чија температура во лето и во зима е 36 степени Целзиусови. Инаку, овој базен се нарекува и „Базен на Клеопатра“.
Античкиот базен е формиран по природен пат со акумулација на термалните води, а е познат и како центар за термално лекување дури од античкиот период.

Љубителите на адреналинот со параглајдерство може да се пуштаат од Динамитскиот рид кој се наоѓа во близина на античкиот град Хиераполис и да уживаат во погледот над травертинските формации.
Посетителите, исто така, може да уживаат во изгрејсонцето на височина од 1.500 метри во балоните на топол воздух.
