Fatih Hafız Mehmet
30 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека по локалните избори во Турција, на терен дефинитивно ќе го решат прашањето за Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Дефинитивно прашањето за Сирија ќе го решиме на терен, доколку тоа е можно, а не на маса. Тоа ќе биде прва работа по локалните избори“, изјави Ердоган на предизборниот собир во истанбулската населба Бајрам-паша.
Ердоган изјави дека оние кои сакаат со терористичкиот коридор да ги затворат јужните граници на Турција, никогаш нема да добијат шанса тоа да го направат.
„Им одржавме неопходна лекција на оние кои се обидоа на тоа, а истото ќе го сториме и во иднина“, нагласи турскиот претседател.
Сирија е заробена во граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога силите лојални на режимот на Башар ал Асад со неочекувана жестина се обидоа да ги загушат продемократските протести.
Оттогаш, според податоците на ОН, стотици илјади лица се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.