Ali Kemal Akan
12 Октомври 2022•Ажурирано: 12 Октомври 2022
АСТАНА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во посета на казахстанскиот главен град Астана, каде што беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токаев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Церемонијата се одржа во Претседателската палата „Акорда“ во Астана, каде што Ердоган и Токаев ги поздравија делегациите.
На церемонијата беа интонирани химните на Туркије и Казахстан, по што Ердоган и Токаев преминаа на тет-а-тет средба и меѓуделегациска средба.
На церемонијата од турска страна беа присутни турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за земјоделство и шумарство, Вајит Киришџи; министерот за трговија, Мехмет Муш; министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу; потпретседателот на Партијата за правда и развој (АК Партија), Бинали Јилдирим; заменик-претседателот и портпаролот на АК Партијата, Омер Челик; шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан; шефот на Одделот за одбранбена индустрија при турското Претседателство, Исмаил Демир; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.