Barış Gündoğan
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
КУВАЈТ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, при денешната посета на Кувајт изјави дека верува оти соработката на двете земји во цел сузбивање на негативните случувања во регионот ќе ги поттикне и другите земји на чекори во таа насока, јавува Anadolu Agency (AA).
„На чело на пријателските и братски земји сакаме да бидат лидери што му служат на својот народ, а не оние што го угнетуваат. Сакаме да бидеме сведоци на стабилност и развој на земјите кои се дел од нашите срца, наместо да сведочиме на нивното рушење од страна на злосторниците“, порача Ердоган.
Сигурноста, стабилноста и благосостојбата во светот, како што изјави Ердоган, зависат од одлучноста во ставовите на регионалните лидери.
„Соработката на Турција и Кувајт ќе ги отвори вратите кон многу важен напредок. Верувам дека соработката на двете земји со цел да се сузбијат негативните случувања во регионот, ќе ги поттикне и другите земји на чекори во насока на трајна стабилизација на состојбите во регионот“, изјави Ердоган.