Muhammed Enes Çallı,Handan Kazancı
23 Август 2023•Ажурирај: 23 Август 2023
АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека турските безбедносни сили спречиле влез на 143.000 нерегуларни мигранти во земјата оваа година, јавува Анадолу.
„Од почетокот на оваа година спречивме 143.000 нерегуларни мигранти да влезат во нашата земја“, нагласи Ердоган за време на церемонијата за дипломирање на офицерите и подофицерите на Академијата на Жандармеријата и Крајбрежната стража во турскиот главен град Анкара.
Според него, Туркије, исто така, депортирала околу 25.000 од вкупно 61.000 нерегуларни мигранти кои се фатени во последните два и пол месеци.
„Со цел да се олесни доброволното, достоинствено и безбедно враќање, продолжува изградбата на постојани живеалишта во северна Сирија“, додаде Ердоган.
„Со завршувањето на овие куќи изградени со финансиска поддршка на Катар, приближно 1 милион наши браќа и сестри ќе можат да се вратат во својата татковина со спокојство“, рече тој.
Во моментов Туркије е домаќин на околу 4 милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја во светот.