Metin Aydemir
23 Август 2023•Ажурирај: 24 Август 2023
ИЗМИР (АА) - Турските сили фатија 32 нерегуларни мигранти во подрачјето на Мендерес во турската област Измир, кои преку илегален начин се обиделе да излезат во странство, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Командата за Крајбрежна стража.
Во соопштението се наведува дека била добиена информација оти група нерегуларни мигранти на чамец се наоѓаат на отворени води кај Мендерес.
По добиената информација, тимовите на Крајбрежната стража биле упатени на местото на настанот.
Во овие рамки, фатени се 32 нерегуларни мигранти, кои се донесени на копно.
Фатените нерегуларни мигранти се пренесени во градската Дирекција за миграција.