Dilara Hamit
28 Јуни 2023•Ажурирај: 28 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Туркије ќе продолжи да се спротивставува на секоја акција што може да им наштети на светоста и статусот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолу.
Ердоган во телефонски разговор испрати честитка до палестинскиот претседател Махмуд Абас по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател.
„Анкара ќе продолжи да го поддржува палестинското прашање“, му порача Ердоган на Абас, додавајќи дека уште еден Курбан бајрам ќе биде одбележан во жалост поради неодамнешните случувања на окупираниот Западен Брег.
Израелската војска во понеделникот изврши серија воздушни напади врз бегалскиот камп во Џенин на окупираниот Западен Брег, при што загинаа најмалку седум Палестинци, меѓу кои едно момче и едно девојче, а беа повредени 91 Палестинец и седум израелски војници, соопштија Обединетите нации.
Ердоган изрази сочувство до оние кои ги загубија животите во нападот, посакувајќи им трпение и храброст на нивните семејства.