Güç Gönel
06 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
АНКАРА
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција денес е меѓу најдобрите три-четири земји во светот во производството на беспилотни летала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеоконференција се обрати на воената тактичка вежба „Сина татковина 2021“.
На почетокот на обраќањето Ердоган изрази сочувство до семејствата на турските војници кои ги положија животите како шехиди во неодамнешната хеликоптерска несреќа на истокот на земјата, во која загинаа најмалку 11 припадници на Вооружените сили на Турција.
Осврнувајќи се на денешната воена вежба, турскиот претседател Реџеп дека оваа година ги тестираат своите домашни и национални вооружени системи со многу посилна и посеопфатна вежба.
„Имаме можност да ги видиме, да ги процениме и да ги исправиме недостатоците на знаењето, способноста и вештините на нашата херојска војска“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција е решителна во областа на поморството, како и во сите останати подрачја, да биде во „првата лига на светот“.
„Турција е меѓу 10-те земји кои дизајнираат и градат сопствени воени бродови. Денес сме меѓу три-четирите земји во светот во производството на беспилотните летала“, рече Ердоган.
Нагласи дека постојат обиди да се узурпираат правата на турскиот народ и на кипарските Турци на Источниот Медитеран и порача дека Турција мора да биде силна не само економски и политички, туку и на воено и одбранбено поле.
„Не претендираме ниту на чија територија, море, ниту суверенитет, само се обидуваме да ја заштитиме татковината и нашите права. Силна морнарица за нашата земја е предмет на потреба, повеќе од избор“, порача Ердоган.
Тој го сподели и податокот дека Турција досега извезла повеќе од 130 поморски платформи произведени во турските бродоградилишта, во вредност поголема од три милијарди долари.