Selma Kasap
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
АНКАРА
Неодамнешниот повик на францускиот претседател за повлекување на турските и руските трупи од Либија е 'скандалозен', изјави Омер Челик, портпаролот на Паријата за правда и развој (АК партија), јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за новинарите за време на состанокот на Централниот управен одбор,Челик изјави: „Турција не е таму како паравоена сила. Турција е таму де факто. Таа не опстојува таму како милитантна сила, туку таа е таму за обука, на покана на легитимната влада призната од Обединетите нации“.
Челик се осврна на коментарите на Емануел Макрон за време на неодамнешната Меѓународна конференција за Либија во Париз.
„Намерна грешка е да се поистоветува присуството на Република Турција со некои паравоени сили“, рече тој. „Да се гледа на Турција како странски војник е намерна грешка, политика на лаги, намерна пропаганда.“
Велејќи дека Макрон прави „грешка со сведувањето на целата француска надворешна политика на антитурските односи“, Челик додаде дека Турција и Франција имаат длабоки вкоренети врски и дека „не е во ред“ да се поддржува ставот на ривалство меѓу двете земји.