Barış Gündoğan,Aylin Sırıklı,Selma Kasap
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Претседателот Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на отворањето на метрото „Кечиорен“ во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на свечената церемонија, Ердоган изјави дека оние што не можат в лице да ѝ се спротивстават на Турција, дејствуваат преку терористички организации, подло, заривајќи нож одзади и повредувајќи многумина.
Тој рече дека Турција ќе продолжи по својот пат:
„Можете да забележите дека оние што не сакаат да застанат пред нас како маж, се обидуваат да ни ја изгорат душата преку терористичките организации, да нѐ избодат од зад грб. Не е бадијала тоа што еден период нѐ притискаа на меѓународно ниво и без морал нѐ обвинуваа дека ’не сме се бореле против ДЕАШ’, а сега кога ѝ застанавме на врат на организацијата, одеднаш ни се обратија со ’не одете предалеку’, и ова исто така не е бадијала; и тоа што велат ’не поминувајте повеќе од 20 километри, и тоа не е бадијала. Но, што и да кажат тие, ние сами си ја вршиме работата и продолжуваме по нашиот пат“.
- „Нивните игри завршија откако Турција стапи на сцена“
Ердоган нагласи дека борбата на Турција против ДЕАШ ќе продолжи. „Откако Турција стапи на сцената, заврши играта на оние што под изговор дека се борат против ДЕАШ, поддржуваат друга терористичка организација, пропадна. Се виде дека нивната цел не е чистење на регионот од ДЕАШ и од други терористички организации, туку напротив, нивната цел е регионот да се претвори во море од крв и оган што не згаснува“, истакна Ердоган.
- „Не се разликуваат едни од други“
Ердоган посочи дека терористичките организации не се разликуваат една од друга: „ДЕАШ, ПКК, ПЈД, ЈПГ, ДХКП-Џ, овде ја додавам и ФЕТО, овие не се разликуваат една од друга. Тие никогаш не си ги криеја своите намери. Арапите, Курдите, Туркмените и другите групи од Сирија и од Ирак, можат лесно да потпаднат под нивната игра и да им бидат жртвени пиони. За нас, овие луѓе претставуваат браќа, роднини, сонародници, со кои илјадници години ја делиме истата судбина, тоа се наши браќа кон кои гледаме како кон нас самите“.