Didar Yüsra Dilruba Öz
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Според судски извори, турскиот суд денес издаде налози за приведување на 380 бизнисмени од земјата, како дел од истрагата против терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои од бизнисмените се обвинети за помагање во финансирањето на терористичката група, велат анонимни изворите.
Изворите додаваат дека операциите со седиште во Истанбул, со цел да се фатат осомничените, истовремено се започнати во 35 градови низ Турција.
За околу 110 осомничени лица се знае дека се во странство.
Tерористичката организација ФЕТО, чиј лидер е Фетула Ѓулен, е одговорна за обидот за државен удар во Турција во кој загинаа 248 лица, а 2.200 беа повредени. Исто така, оваа терористичка организација стои зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството.