Enes Kaplan
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара организираше прием за Ѓулшах Јамур Јазиџи, која боледува од церебрална парализа, и за нејзиното семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓулшах нацрта портрет на турскиот претседател и го сподели на социјалната мрежа Твитер.
Сестрата на Ѓулшах во разговор со претседателот Ердоган истакна дека нејзината животна цел е да се грижи за својата сестра и му се заблагодари на претседателот за приемот и за тоа што ја усреќил нејзината сестра.
Таа истакна дека Ѓулшах завршила средно училиште без ничија помош. На девојката која исто така се состана и со турскиот премиер, Бинали Јилдирим, ѝ беше подарен компјутер, а направена е и заедничка фотографија со официјалните лица.
Турскиот претседател претходно ја повика Ѓулшах и ѝ се заблагодари за цртежот.