Hikmet Faruk Başer
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Јусуф Koдат, сведок на терористичкиот напад во еден ноќен клуб во Истанбул кој се случи на новогодишната ноќ, во кои загинаа 39, а беа повредени повеќе од 60 лица, изјави дека успеал да се спаси со тоа што се сокрил на терасата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гостите на клубот во Истанбул, кои сакаа тука да ја поминат „најлудата ноќ“ денес дојдоа по предметите и возилата кои ги оставија за време на нападот.
Јусуф Koдат рече дека дошол по својот автомобил и притоа на новинарите им раскажа за тоа што го преживеал во текот на новогодишната ноќ.
Тој истакна дека живее во Франција, и дека во Турција дошол да ја прослави Новата година.
„За време на нападот се криевме на терасата и така едвај се спасивме. На терасата се криевме додека не пристигна полицијата. Чекавме 10-15 минути. Потоа испратив порака на братучед ми кој беше во другиот дел од клубот. Ми олесна кога добив одговор. Се спасивме. Се слушаа само звуци од истрели. Не слушнав ништо што зборуваше напаѓачот“, се сеќава Koдат.
Пред и во близина на клубот сè уште се на сила мерките за безбедност, а некои граѓани доаѓаат на местото на нападот и оставаат цвеќиња.