Sarp Özer
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на измените во Турските вооружени сили, Министерството за одбрана на Турција донесе регулатива со која во седиштето на Генералштабот, командата на воените сили и во единиците кои се дел од неа, жените офицери и подофицери ќе можат да носат марами, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА, Министерството за одбрана на Турција подготви измени наменети за раководството за униформи во турските вооружени сили.
Во додатокот на регулативата наменета за „Општи одредби” на Раководството за униформи на турските вооружени сили, се вели: „Жените офицери, офицери под договор, подофицери, подофицери, кадетки на воени училишта, потенцијалните кандидатки, жени курсисти под договор во копнените, поморските и воздушните сили заедно со официјалните униформи, под капите, беретките или качкетите ќе можат да носат марами кои ќе бидат во сооднос на униформата или во согласност со дезенските униформи, притоа не покривајќи го лицето.
По објавата во службен весник, оваа регулатива ќе стапи во сила.