Hatice Kesgin
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Денес беа отпуштени 73 припадници на турските воздушни сили, од кои 66 команданти и седум наредници, поради сомнеж за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, објави армијата на социјалната мрежа Твитер, јавува Anadolu Agency (AA).
„На прашањето во врска со отпуштањето на персоналот се работеше со голема чувствителност. Нашите херојски војници, лојални на нацијата, успешно ги продолжуваат своите мисии“, објави на Твитер Министерството за одбрана на Турција, додавајќи дека вооружените сили ќе бидат исчистени од членовите на ФЕТО.
Денешната акција следеше по отпуштањето на 820 лица од персоналот на копнените и морските сили минатата недела, од кои 648 лица од нив веќе беа притворени.
Денешните акции на отпуштање го зголемија вкупниот број на отпуштен персонал на 4.524, вклучувајќи 151 генерал.
Турската Влада вели дека обидот за државен удар, во кој загинаа 240 лица и речиси 2.200 беа повредени, бил организиран од страна на Фетула Ѓулен и неговата мрежа ФЕТО.
Ѓулен е обвинет за водење долготрајна кампања со цел да ја собори власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството, формирајќи таканаречена паралелна структура.