Ferdi Türkten,Aylin Sırıklı
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
АНКАРА (АА) - Заврши гласањето за уставни измени на ниво на цела Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката на Високиот изборен совет на Турција, заврши гласањето во 32 области од источниот дел на државата, кое траеше во периодот од 7 до 16 часот по локално време. Заклучно со 18 часот по локално време, заврши гласањето и во останатите области од Турција во кои се гласаше во периодот од 8 до 17 часот по локално време.
Денес се гласаше на 167.140 ибирачки места, на ниво на цела Турција.
Истовремено заврши и гласањето на граничните премини.
- Гласачките кутии од странство ќе бидат отворени истовремено
Турските државјани во странство своето право на глас можеа да го искористат во 120 дипломатски претставништва во 57 земји. Гласањето во странство започна на 27 март и заврши на 9 април. Гласачките ливчиња од странство, со авион и преку дипломатски курири се донесени во Турција.
Избирачките ливчиња кои од странство се пренесени во Советот за избори во странство во Анкара, ќе бидат отворени за пребројување истовремено со останатите изборни ливчиња.