Musa Samur
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на опозициската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, како и претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, денеска во Анкара го искориситија своето право на глас за референдумот за уставни промени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Бахчели изјави дека денешното гласање е пресвртна точка во животот на турскиот народ. Неговата партија го поддржа предлогот за уставни реформи подготвени од страна на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Parti).
Бахчели изрази задоволство што ja изврши својата граѓанска должност.
- Бахчели: Референдумот, значајна пресвртница во животот на турскиот народ
„Ова е значајна пресвртница во животот на нашиот народ. Политиката во Турција ќе се движи кон ново реструктуирање“, рече Бахчели, кој потсети дека од тој аспект е важно народот со голема излезенот да го покаже својот избор, што е нужност за културата на демократијата.
Во училиштето каде што гласаше Бахчели беа преземени високи безбедносни мерки.
Снимки од камерите поставени на униформите на одредени полициски службеници се проследуваат до Министерството за внатрешни работи со цел во живо да се следи безбедносната ситуација на гласачките места. На избирачкото место каде што гласаше Бахчели, претходно беше направено тестирање за хемиски, биолошки и нуклеарни материјали.
- Киличдароглу: Денес гласаме за судбината на Турција
Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, пристигна во училиштето „Чукурамбар Аржантин“ во Чанкаја, со цел да го даде својот глас на референдумот за уставни измени.
Киличдароглу пред гласачкото место беше пречекан од страна на граѓаните, а својата гласачка должност заедно со својата сопруга и синот ја изврши во Анкара.
По гласањето даде изјава за медиумите во којашто рече: „Имавме крајно добра изборна кампања. Допревме до сите граѓани, не маргинализиравме никого. Денес гласаме за судбината на Турција. Сите наши граѓани ќе излезат на гласање со чувство на одговорност и ќе го дадат својот глас. Многу сум среќен. Се надевам дека резултатот ќе биде поволен, и сите заедно ќе имаме можност да разговараме за други темелни проблеми на Турција“.
Предложените уставни реформи во Турција предвидуваат зајакнување на овластувањата на претседателот на државата, а укиниување на функцијата премиер. Парламентот ќе го зголеми бројот на пратеници од 550 на 600, а кандидати на парламентарните избори ќе можат да бидат сите граѓани на Турција со наполнети 18 години.
Досега, можеа да се кандидираат само лица со навршени 25 години. Претседателот ќе може да ги задржи врските со политичката партија, а предвидено е првите претседателски избори, според новиот устав, да се одржат во ноември 2019 година.
Мандатот на претседателот ќе трае пет години, а едно лице ќе биде во можност да ја извршува оваа функција најмногу двапати.