Mehmet Tosun
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
АНКАРА (АА) – Тројца терористи на ПКК се неутрализирани при воздушните операции на Турските вооружени сили во регионот Гара, на северот на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека Турските вооружени сили (ТСК) и Разузнавачката служба (МИТ) во заедничка воздушна операција во регионот на Гара, во северен Ирак, идентификувале и неутрализирале тројца терористи на ПКК.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак како база за планирање прекугранични терористички напади на турска територија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.